Висок крвен притисок
Ако постои еден сериозен здравствен проблем – кој што не се сфаќа доволно сериозно – тогаш тоа секако е високиот крвен притисок. Дали заради фактот што едноставно премногу луѓе го имаат, па некако стана вообичаен, или можеби поради фактот што високиот притисок не дава симптоми - од која и да е причина, високиот притисок се чини дека се прифаќа како секојдневен проблем, како дел од нормалниот процес на стареење. Но, не е така. Тој е водечка причина за смрт во светот.