zzs naslov.png
Link Across_Logo - transparent.png
mitov - logo.jpg
 

Зошто Здрав Животен Стил?

Здравјето на луѓето во Македонија е сериозно загрозено.

Како значајна причина, во голема мерка е недостатокот на здравите животни навики  кај луѓето, во однос на исхранатафизичката активност и менаџирањето на стресот.

Лајфстајл медицина, или медицина на животен стил (lifestyle medicine) е всушност основата на работата на д-р Митов. Тоа е медицина базирана на докази, а доказите се обезбедуваат преку бројни научни студии. Лајфстајл медицината опфаќа промени во начинот на исхрана, степенот на физичка активност, природни додатоци во исхраната, менаџирање на стресот и доволно спиење. Целта на лајфстајл медицината не е само краткорочен режим или диета, туку трајно менување на животните навики кон подобро!

Д-р Александар Митов

Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Дипломира медицина на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генeрација.

Магистрира јавно здравје на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health, а подоцна завршува магистерски студии за политики за животна средина во Кембриџ, Велика Британија.

Од 2012-та година до 2017-та е Советник за здравство на Претседателот на Владата на Република Македонија, а беше и главен стручен консултант на кампањата за здрава храна на Владата на РМ, „Здравјето е избор!“

mitov - logo.jpg

ЛинкАкрос

Во ЛинкАкрос, нашата мисија е поврзување.

Поврзување на глобални партнери со цел холистичко унапредување на развојот на економијата, здравството и заедниците во Македонија и пошироко на Балканот.

Во сите наши проекти ние се обидуваме да го предизвикаме развојот на целосен, холистички начин, препознавајќи дека здравјето е повеќе од отстуство на болест и сиромаштијата е повеќе од отстуство на пари.

Ние соработуваме со мноштво партнери за да ја постигнеме нашата мисија, вклучувајќи ги јавните институции, агенциите за помош, амбасадите, бизнисите, непрофитните организации, верските заедници, и волонтери и донатори.

Link Across_Logo - transparent.png

Заедничка соработка

Д-р Митов и директорот на ЛинкАкрос, г. Клеј Бутемер ја започнаа својата соработка уште во 2012* година, кога заедно со министерството за здравство на Република Македонија работеа на намалување на смртноста на новороденчињата преку воведување на нови современи методи, и развој на долгогодишна стратегија за подобрување на неонаталната состојба во детската клиника и во сите породилишта во Македонија.

 

Водени од сериозната состојба на нарушено здравје во Република Македонија, ЛинкАкрос и д-р Александар Митов иницираа социјално одговорен проект за едукација на населението, преку кратки тематски видео епизоди, со цел подигнување на свеста за здравиот животен стил. 

Во 2017 и 2018, снимени се две сезони со вкупно 29 епизоди. Покриени се теми кои се од најголем интерес за широката популација, и акцентот е ставен на важноста од умереност во исхраната, намалување на преработената храна, поголем внес на зеленчук и овошје, намалување на стресот и секако повеќе движење во текот на денот.