БИДИ ЗДРАВ

СО Д-р МИТОВ

Видеа

Минути

Прегледи на социјалните мрежи

Теми

Проектот „Биди здрав“

Здравјето на луѓето во Македонија е сериозно загрозено. Како значајна причина во голема мерка е недостатокот на здравите животни навики кај луѓето во однос на исхраната, физичката активност и менаџирањето на стресот.

Лајфстал медицината, или медицината на животен стил е всушност основата на работата на д-р Митов. Тоа е медицина базирана на докази, а доказите се обезбедуваат преку бројни научни студии. Лајфстајл медицината опфаќа промени во начинот на исхрана, степенот на физичка активност, природни додатоци во исхраната, менаџирање на стресот и доволно спиење. Целта на лајфстајл медицината не е краткорочен режим или диета, туку трајно менување на животните навики кон подобро

 

Здрава исхрана

Подобрете го вашето здравје преку добра и квалитетна исхрана.

Физичка активност

Дознајте колку физичка активност ви е потребна во текот на денот за да се чувствувате подобро.

Менаџирање стрес

Научете корисни и практични начини како да го менаџирате стресот.

Д-р Митов и ЛинкАкрос

Заедничка соработка

Д-р Митов и ЛинкАкрос ја започнаа својата соработка уште во 2012 година, кога заедно со министерството за здравство на Република Македонија работеа на намалување на смртноста на новороденчињата преку воведување на нови современи методи, и развој на долгогодишната стратегија за подобрување на неонаталната состојба во детската клиника и во сите породилишта во Македонија.

Водени од сериозната потреба на нарушеното здравје во Република Македонија, ЛинкАкрос и д-р Александар Митов иницираа социјално одговорен проект за едукација на населението, преку кратки тематски видео епизоди, со цел подигнување на свеста за здравиот животен стил. Во 2017 и 2018 снимени се две сезони со вкупно 29 епизоди.

bidi zdrav so dr Mitov

Прва сезона (теми):

  1. Важноста да се биде правилно информиран за своето здравје?
  2. Висок крвен притисок
  3. Масти во исхраната.
  4. Умерена употреба на алкохол
  5. Загаден воздух
  6. Пушењето како штетна навика
  7. Кардиоваскуларни заболувања
  8. Пушење и бременост
  9. Плодноста и животниот стил
  10. Откажување од пушењето
  11. Oтпорност кон инсулин
  12. Неопходноста на редовниото спиење
  13. Придобивки од физичката активност
  14. Зголемена телесна тежина кај деца
  15. Матичните лекари

Втора сезона (теми):

  1. Исхраната при третманот на болести – пријател и непријател
  2. Можно ли е здраво слабеење?
  3. Покачена тежина како здравствен, а не естетски проблем
  4. Физичката неактивност – главна причина на смрт
  5. Стрес – ефекти и начини на справување
  6. Витамин Д – не само за здрави коски!
  7. Пре-дијабетот е жолт картон!
  8. Холестеролот е холестерол, ниту добар ниту лош
  9. Дали кокосово и палмино масло се здрави?
  10. Извонредно важни тестови кај дијабетес
  11. Магнезиум – потценетиот минерал
  12. Гојазност во бременост – ризик за мајката и за бебето
  13. Препораки за превенција од рак
  14. Верата и здравјето

Серијал (теми):

  1. Исхраната при третманот на болести – пријател и непријател
  2. Ментално и психичко здравје
  3. Заканите по вашето духовно здравје (интервју со др. Коста Милков)
  4. Ментално и духовно здравје – светоглед (интервју со др. Коста Милков)
  5. Полицистични јајници и начинот на живот
  6. Зголемена телесна тежина и фертилност
  7. Пушење, стрес и кардиоваскуларно здравје
  8. Физичка активност и кардиоваскуларно здравје
  9. Најважни чекори за успешна промена на лошите навики
  10. Ритуали за релаксација
  11. Животни навики – Алкохол
  12. Зависност од електронски уреди
  13. Животни навики – пушење
  14. Маслиново масло
  15. Ризици од претерана протеинска храна
  16. Наизменично постење
  17. Историја на диетите
  18. Медитеранска исхрана
  19. Физичка активност и срцеви заболувања
  20. Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта
  21. Физичка активност и мозокот
  22. Физичка активност и превенција од малигни болести